во ,

Македонска Каменица завиена во црно: Почина 31-годишната Симона, градот ги откажа новогодишните прослави

Македонска Каменица во црно: Тридневна жалост за смртта на 31-годишната Симона која почина бремена

Советот на Општина Македонска Каменица донесе итна одлука за прогласување на тридневна жалост (30 и 31 декември и 1 јануари) по повод трагичната смрт на нивната сограѓанка Симона Каранфиловска. Поради огромната загуба, откажани се сите планирани забавни настани и прослави за Нова Година, а знамињата пред јавните институции ќе бидат спуштени на половина копје.

Згаснаа два живота: Градот е во шок и неверување

Супер Попуст -25%

Трагедијата е уште поголема бидејќи младата Симона, која починала на само 31 година, била бремена, со што, како што велат од Општината, „згаснаа два живота“. Локалната заедница е длабоко потресена од настанот. „Ќе те паметиме по твојата добрина, насмевка и светлина што ја ширеше околу себе“, напиша локалниот портал Каменица24, пренесувајќи ја тагата на сограѓаните.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Роботски нокаут: Вирална снимка како машина го удира човекот во препони

Масовна тепачка во Италија: 11 уапсени по пресметка меѓу Македонци и Албанци во Перуџа