
Влатко Стефановски се сретна во Лондон со кралот Чарлс Трети, а славниот гитарист имал и специјален подарок за британскиот монарх.
Еден од најценетите гитаристи од овие простори, Влатко Стефановски, имаше чест да се сретне со кралот Чарлс III, кому му го врачи својот актуелен албум „London Sessions“, објавен во издание на „Croatia Records“. Со ова, тој стана единствениот музичар од регионот кој имал лична средба со британскиот монарх.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден


Албум снимен во легендарното студио „Abbey Road“
Албумот „London Sessions“, објавен на ЦД и тројно ЛП издание, е снимен во легендарното студио „Abbey Road“ (Студио 3) во Лондон. На албумот, покрај Стефановски, учествуваат и неговиот син Јан Стефановски на тапани и Тихомир Хојсак на електричен контрабас. Снимањето и продукцијата ги водел Горан Мартинац, додека завршниот „lacquer cut“ го работел Шон Меги, добитник на Греми за „Mono Box Set“ на Битлси.
„Музиката на Влатко Стефановски, снимена во легендарниот Abbey Road, од сега ќе одекнува и во кралските одаи. Горди сме што токму нашиот изведувач имаше прилика да ја претстави својата работа и музиката од нашето поднебје на британскиот крал“, се наведува во објавата на „Croatia Records“ на Инстаграм.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден







