
Крвав погреб во САД: Отвориле оган пред црква додека траела служба – има мртви и критично ранети
Мирно испраќање на покојник се претвори во вистински хорор во Солт Лејк Сити. Две лица се убиени, а шестмина се ранети во масовна пукотница што се случила пред црквата на „Исус Христос“, токму во моментот додека внатре се одржувала комеморација.
Тројца се борат за живот
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Полицијата го потврди црниот биланс:
- Две лица починале од повредите.
- Тројца се во критична состојба.
- Тројца се пренесени во болница со приватни возила и нивната состојба се утврдува.
Сите жртви се возрасни лица.
Напад, а не злосторство од омраза?
Началникот на полицијата, Брајан Ред, изјави дека напаѓачите избегале и по нив се трага.
„Не веруваме дека ова е случаен напад, ниту пак напад насочен кон верската заедница“, рече тој, сугерирајќи дека станува збор за пресметка поврзана со лицата кои присуствувале на погребот.
Истражителите моментално ги прегледуваат снимките од надзорните камери и ги испрашуваат сведоците. Областа околу „Редвуд Роуд“ е блокирана.


