
Среќна добитничка на скопскиот аеродром: Милена тргна за Бари, а доби бесплатни билети за каде сака!
Денес е историски ден за Меѓународниот Аеродром Скопје. Милена Таскова од Скопје е прогласена за тримилионитиот патник во оваа година, бројка која означува нов рекорд во авиосообраќајот во Македонија. Додека се чекирала за својот лет кон Бари, Милена била пријатно изненадена од генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и министерот за транспорт, Александар Николоски.
Награди и изненадувања
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Како јубилеен патник, Таскова доби вредни подароци. ТАВ Македонија и партнерските компании ѝ доделија бесплатни услуги во аеродромските салони и подароци од „Duty Free“, додека авиокомпанијата „Виз ер“ (Wizz Air) ја награди со два повратни авионски билети до дестинација по нејзин избор. Ова значи дека Милена ќе може сама да си го испланира следното патување, целосно бесплатно.
Рекорден раст: Од 600 илјади до 3,2 милиони патници
Директорот Неџат Курт истакна дека ова е огромен успех, потсетувајќи дека во 2010 година аеродромот имал само околу 685.000 патници. „Денес прославуваме 5-кратен раст. До крајот на годината очекуваме Скопје да достигне 3,2 милиони патници, а Охрид 262 илјади“, изјави Курт. Растот од 8% во споредба со лани потврдува дека Скопје станува сериозен регионален центар. Дополнително, од 15 декември се воведуваат и новите линии за Прага и Келн, со што бројот на дестинации ќе се искачи на 49.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








