
Драма на Мавровско езеро: Спортски авион принудно слета во водата, двајца Косовци се спасија од потонатото летало
Вистинска драма се одвивала денеска напладне на Мавровско езеро, кога мал спортски авион завршил во водите во близина на браната кај „Белички канал“. За среќа, инцидентот не заврши трагично, а двајцата патници во леталото успеале да преживеат. Според Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Тетово – ОВР Гостивар денеска во 12:35 часот.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден
Во авионот се наоѓале двајца косовски државјани: 64-годишниот пилот Д.М. и неговиот сопатник, 41-годишниот Џ.П. И покрај шокот од падот, тие **успеале сами да излезат од авионот што тонел** и да се доберат до брегот. Двајцата мажи се здобиле со повреди при инцидентот и со возило на Итна медицинска помош веднаш биле транспортирани во Медицинскиот центар во Гостивар за понатамошно лекување.
Полициски службеници од Полициското одделение Маврово експресно пристигнале на местото на настанот. Во првичниот разговор со полицијата, пилотот Д.М. ја разјаснил причината за несреќата. Тој појаснил дека додека летале, настанале **ненадејни проблеми со моторот на авионот**, поради што бил принуден да изврши ризично слетување директно во езерото. Надлежните служби продолжуваат со увидот за целосно расчистување на случајот.


