
Реномираната професорка по уставно право, Тања Каракамишева, официјално влегува во владиниот кабинет како нов советник на премиерот Христијан Мицкоски задолжен за една од најчувствителните области – човековите права и владеењето на правото.
Оваа информација ја потврди самата Каракамишева преку социјалните мрежи, објаснувајќи дека новата функција е природен тек на нејзината долгогодишна соработка и идеолошка блискост со премиерот. Таа истакна дека именувањето го доживува како огромна чест, но и како тешка задача во време кога правосудниот систем е под лупа.
„Ова е најчувствителниот сегмент на државата“
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Во своето обраќање, професорката нагласи дека областите кои ќе ги покрива не се важни само за внатрешната функционалност, туку се клучни и за меѓународниот имиџ на Македонија.
„Ќе работам со целосна посветеност и професионализам. Фокусот ќе биде ставен на постигнување конкретни и мерливи резултати во рамките на македонскиот правен поредок“, вети Каракамишева, најавувајќи бескомпромисна битка за враќање на довербата во правната држава.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








