во ,

Мицкоски дециден: Нема преговори со Британија за прифаќање мигранти

Мицкоски повлече црвена линија: „Македонија не е депо за мигранти – нема да дозволам ниту еден шатор“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска категорично ги демантираше шпекулациите и пишувањата на одредени британски медиуми дека Македонија би можела да биде дестинација за депортирање на одбиени баратели на азил од Велика Британија. Со јасен став дека „додека тој е премиер, нема да никне ниту еден шатор“, Мицкоски порача дека таква понуда никогаш не била ставена на маса, но и доколку биде – таа ќе биде експресно одбиена, без разлика на евентуалните финансиски надоместоци од Лондон.

Нов проект „Безбедна држава“: Електронски штит на границите

Супер Попуст -25%

Одговарајќи на обвинувањата од опозицијата, премиерот нагласи дека борбата против илегалната миграција е темелна определба на Владата. Во таа насока, тој го најави новиот безбедносен проект наречен „Безбедна држава“. Инспириран од системот „Безбеден град“, овој проект ќе воведе софистициран мониторинг на македонските граници со цел целосно сузбивање на илегалните влезови, шверцот и трговијата со луѓе, позиционирајќи ја Македонија како браник на Европа од илегална миграција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Празнична магија: Рецепт за најубавите корпици со бело чоколадо и лешници

Муцунски од Абу Даби: Отворени врати за инвестиции во енергетиката и туризмот