
Една снимка од венчавка стана вирален хит на социјалните мрежи, а сè поради невестата и еден (не)посакуван гостин – скакулец.
Имено, додека Нина, невестата во венчаница, позирала за да го овековечи овој момент со прекрасни фотографии, во кадарот се појавил и „натрапник“.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Скакулец се вовлекол под тесната венчаница, речиси меѓу нејзините нозе, па морало брзо да се реагира. Додека невестата врескала од петни жили „Тргни го, тргни го!“ и панично потскокнувала во место, младоженецот се обидел, но од смеа не можел да ја „спаси работата“. Тој едноставно не можел да престане да се смее.
Кога фотографот е херој на денот
На помош прискокнала Антонија, која била задолжена да ги создаде прекрасните романтични фотографии од венчавката.
„Голема предност е кога за венчавка ќе ангажирате фотографи од село“, пишувало во описот на снимката.
Снимката ја објавило „Студио Гашпар“, а под видеото се јавувале и други жени кои имале слична ситуација на својата венчавка.
Повеќе од само инцидент – кошмар за невестите
„Кај мене ги имаше мал милион под секој слој од венчаницата“, напишала една невеста која доживеала слична ситуација.
„Ова сум јас на сликањето на мојата венчавка. Ми влегоа скакулци под венчаницата, почнав да врескам, не се сликав повеќе“, се редеа коментарите.
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден








