
Трагедија во Струмица: Пронајдено безживотно тело на жена во езерцето во Градскиот парк
Струмичката јавност е вознемирена од морничавиот настан што се случил синоќа. Околу 01:45 часот по полноќ, во едно од езерцата во Градскиот парк е пронајдено тело на почината жена. Информацијата ја потврдија од Регионалниот центар за управување со кризи, а на терен веднаш излегле надлежните органи.
Телото предадено на обдукција, се чекаат одговори
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Полициски службеници и Јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот. Телото на починатата е предадено на Судска медицина за обдукција, која треба да открие дали се работи за несреќен случај или насилна смрт. Од Министерството за внатрешни работи најавија дека во текот на денот ќе излезат со подетални информации за идентитетот и околностите.


