во ,

Муцунски во Брисел: Коридорот 8 не е само пат, туку безбедносен штит за НАТО!

Коридорот 8 влезе во безбедносната агенда на НАТО: Муцунски и Тајани во Брисел договорија забрзани вложувања во клучната инфраструктура

На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски учествуваше на значаен тематски состанок посветен исклучиво на проектот „Коридор 8“, на покана на шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани. Фокусот беше ставен на стратешкото значење на овој коридор, кој не е само транспортна врска меѓу Македонија, Албанија и Бугарија, туку клучна точка за интеграција на целиот Западен Балкан со европската мрежа и пристаништата во Грција и Романија.

Повеќе од асфалт и пруга – геополитички штит за Европа

Супер Попуст -25%

Сојузниците констатираа дека во услови на динамични геополитички промени и актуелни безбедносни ризици, Коридорот 8 прераснува во инфраструктура од витално безбедносно значење. Беше постигната заедничка согласност за неопходноста од забрзано вложување и модернизација на оваа траса, како дел од пошироката евро-атлантска безбедносна архитектура. Заклучокот е јасен: целосната реализација на проектот ќе донесе не само економски бенефит, туку и стратешка стабилност за целиот регион.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Унгарија против Брисел: Сијарто најави тужба поради забраната за руски гас!

„Летал“ по обиколница со 231 км/ч: „Сејф сити“ го сними најбрзиот возач во Скопје!