
Спротивставени оценки за развојниот карактер на буџетот
Во текот на изминатите денови, пратениците од владејачкото мнозинство оценија дека Предлог-буџетот претставува стабилна рамка за одговорно управување со јавните финансии, зачувување на макроекономската стабилност и навремено исполнување на обврските кон граѓаните. Според власта, документот има развоен карактер и е насочен кон економски раст, капитални инвестиции и повисок животен стандард.
Опозицијата, пак, смета дека владините проекции не ја одразуваат реалната економска состојба. Оттаму предупредуваат дека зголемените дефицити и задолжувањата го доведуваат во прашање развојниот карактер на буџетот, оценувајќи дека капиталните расходи не се доволни, а најавените проекти не се соодветно покриени со средства во буџетските ставки.
Клучните проекции за 2027 година
Според Предлог-буџетот за 2027 година, вкупните приходи се планирани на 395,4 милијарди денари, што претставува раст од 5,7 отсто во однос на 2026 година. Вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари, односно за 4,8 отсто повеќе од годинава. Буџетскиот дефицит изнесува 45 милијарди денари или 3,5 отсто од БДП, во согласност со фискалната стратегија за периодот 2027–2031 година.
За капитални расходи се предвидени 40,8 милијарди денари, додека даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари (раст од 6,4 отсто). За социјални трансфери се наменети 220,8 милијарди денари, што е зголемување од 4,1 отсто, при што 123,8 милијарди денари се предвидени за исплата на пензии – раст од 4,8 отсто согласно законското усогласување.
„Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 отсто од БДП, и е во согласност со фискалната стратегија за периодот 2027 – 2031 година.“
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден







