во ,

Народот им кажа „НЕ“: 73% од граѓаните против повисоки плати за судиите и обвинителите

Народот пресуди: Огромно „НЕ“ за повисоки плати на судиите, над 40% бараат смена на Коцевски

Македонските граѓани испратија јасна и жестока порака до правосудството – нема покачување на платите за оние кои не испорачуваат правда. Најновото истражување на „Маркет вижн“ за МКД.мк покажа дека огромни 73,6 отсто од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат ниту денар повеќе. Само скромни 14,8% веруваат дека зголемувањето на буџетот е оправдано, што го потврдува длабокото незадоволство од работата на правосудните органи.

Љупчо Коцевски на тенок мраз

Супер Попуст -25%

Освен финансиската „рампа“, граѓаните бараат и персонална одговорност. Повеќе од 40 отсто од анкетираните се изјасниле за итна смена на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Мнозинството граѓани се скептични и сметаат дека дури и да добијат повисоки плати, ситуацијата во судството нема да се подобри, што укажува на тоа дека проблемот се перцепира како системски и морален, а не финансиски.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски ‘замижал’ пред криминалот во Сарај, а автобусот на ‘Беса Транс’ поминал технички

Катица Јанева е на слобода: Екс-специјалната обвинителка го напушти „Идризово“