во

„НЕВИДЛИВИ КРАВИ“ ЦРПЕЛЕ ЕВРОПСКИ МИЛИОНИ: Нов огромен скандал со субвенции во Грција!

Нов голем финансиски скандал ги потресе грчките земјоделски субвенции. Анализата на официјалните податоци открива шокантни несовпаѓања помеѓу бројот на говеда за кои се исплаќале богати средства од европските фондови и реалната бројка на добиток на теренот.

Бројките покажуваат сериозни сомнежи за масовни малверзации. За 2024 година биле пријавени околу 260.000 крави во лактација, иако официјалната статистика потврдува дека вкупниот број на говеда во земјата драстично паднал од 640.000 во 2023 година на само 520.000 во 2025 година. Слични фрапантни разлики се регистрирани и кај пријавувањето на овците и козите.

Фантомски животни за европски милиони

Супер Попуст -25%

Експертите алармираат дека главниот проблем лежи во отсуството на целосно сигурен и ажуриран национален регистар на добиток. Оваа институционална дупка со години создава идеален простор за системски злоупотреби и незаконско испумпување на европски пари од фондовите на ЕУ. Овој случај е само дел од многу поширока истрага за измами во земјоделството.

„Европското обвинителство веќе води серија истражни постапки поврзани со незаконско користење на европските земјоделски субвенции преку пријавување на непостоечки животни и активности.“

Брисел бара итна реакција и ред во регистарот

Како одговор на притисокот, грчките власти најавија воведување нови строги контроли и модерни системи за електронска идентификација на секое грло добиток. Европската комисија испрати јасна порака дека иако Атина бележи одреден напредок, потребна е сериозна и длабинска реформа за да се воспостави целосно транспарентен систем. Со ова треба дефинитивно да се стави крај на исплатата на народни и европски пари за непостоечки стада.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Се урна мал авион на Велебит, пронајдени двете тела на патниците!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО ИРСКА: Пет тинејџери загинаа возејќи во спротивен правец за ТикТок предизвик!