
Додека повеќето баби и дедовци панично бараат совршени играчки за празниците, Тами Келтон донесе радикална одлука: наместо подароци, таа инвестира пари во иднината на своите четири внучиња.
Тами, која е хит на ТикТок, објасни дека нејзините внуци имаат широка фамилија и дури 9 баби и дедовци, па секоја година се затрупани со планини од играчки. Гледајќи дека тоа е премногу, таа одлучила месечниот износ што би го потрошила, плус парите за родендени и Божиќ, да ги вложува во инвестициски фондови.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Нејзината мотивација доаѓа од тешкото минато – израснала во сиромаштија и била корисник на социјална помош. Сега сака да го прекине тој круг и да им обезбеди на внуците „поцврсти нозе“ за старт во животот. Таа проценува дека до нивната 18-та година, секое дете ќе има заштеда од неколку десетици илјади долари, а најинтересно е што децата воопшто не забележуваат дека таа не им носи физички подароци, бидејќи добиваат премногу од другите.


