
Мицкоски го комплетира тимот: Муамет Хоџа и Беким Сали предложени за нови министри
Премиерот Христијан Мицкоски достави предлог до Собранието за пополнување на упразнетите места во Владата, истакнувајќи дека целта е обезбедување стабилност и функционалност. За нов министер за животна средина е предложен Муамет Хоџа, кадар со долгогодишно искуство во државната управа, додека ресорот европски прашања ќе го преземе Беким Сали, кој веќе има искуство како министер и актуелен пратеник.
Муртезани се сели во кабинетот на премиерот
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Мицкоски нагласи дека од новите министри очекува професионалност и почитување на законите. Истовремено, тој му се заблагодари на досегашниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани, откривајќи дека тој не ја напушта извршната власт. Муртезани ќе биде дел од кабинетот на премиерот, каде ќе ја координира клучната реформска агенда поврзана со евроинтеграциите.


