во

ОВ СТРОГ ЗАКОН ВО РОМАНИЈА: За секои 10 евра неплатена сообраќајна казна – еден ден без возачка дозвола!

Романската влада воведе нова, радикална мерка за справување со хроничното игнорирање на сообраќајните казни, според која секој возач кој нема навреме да ја плати казната ќе ја изгуби возачката дозвола на онолку денови колку што одговараат на висината на неговиот долг.

Според новите правила што стапија на сила на 25 август, наместо комплицирани постапки за присилна наплата, се применува директна формула: за секои 50 леи (околу 10 евра) неплатен долг следува забрана за управување со возило во траење од еден ден. Доколку возачот плати само дел од сумата, остатокот од долгот директно се претвора во соодветен број денови без автомобил.

Рокови, системот „Патримвен“ и правен парадокс

Супер Попуст -25%

Прекршителите имаат рок од 90 дена од врачувањето на казната за да ја подмират обврската, пред автоматски да започне забраната за возење. Сепак, и покрај тоа што законот формално е на сила, настана бизарен правен застој откако Апелацискиот суд во Букурешт во последен момент го суспендираше правилникот за негово спроведување.

„Така настана парадокс: законот е официјално во сила, но полицијата во моментов нема функционална методологија ниту меѓусебно поврзани системи што би овозможиле вистинско одземање на возачките дозволи.“

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НОВИ ТЕНЗИИ НА КОРЕЈСКИОТ ПОЛУОСТРОВ: Северна Кореја најавува силен одговор по американската продажба на ракети за Јужна Кореја!

НЕПРИЈАТНИ СЦЕНИ ВО ПЕФКОХОРИ: Полицијата им ги отстранувала табличките на туристите, па следувал нов пресврт!