
Од пријатно утро до попладневна нестабилност
Времето денеска ќе започне како претежно сончево со мала до умерена облачност, но ситуацијата значително ќе се промени во втората половина од денот. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер, а на одредени места се очекува вистинско невреме со поројни дождови, силни грмежи и појава на град.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Дневните температури ќе останат релативно пријатни и покрај промената на условите. Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 16 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 21 до 29 степени Целзиусови, придружена со слаб до умерен ветер од северен правец.
Што го очекува Скопје и како ќе биде до крајот на неделата?
Слична метеоролошка слика го очекува и главниот град. Во Скопје претпладнето ќе биде сончево, но во делови од котлината попладне ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и силни грмежи. Максималната температура во главниот град ќе се искачи до пријатни 24 степени.
„До крајот на работната седмица се задржува претежно сончево време со мала облачност, но со чести нестабилности. Утре попладне повторно нè очекуваат локални врнежи, силен ветер и услови за град, додека од среда ветерот ќе го промени правецот во југоисточен.“


