
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги обвини европските лидери дека постигнале договор со Володимир Зеленски за продолжување на војната во Украина
Во објава на Фејсбук, Орбан оцени дека ваквиот пристап претставува „лоша вест за Европа“, тврдејќи дека конфликтот се продлабочува без видливо решение на фронтот. Тој наведе дека секој месец илјадници луѓе гинат или остануваат трајно повредени, додека линијата на фронтот се поместува минимално.
Обвинувања кон Брисел и фон дер Лајен
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Орбан ги посочи европските лидери, предводени од Урсула фон дер Лајен, како одговорни за поддршката на продолжувањето на војната. Според него, стотици милијарди евра се трошат без резултат и, како што рече, конфликтот не ја ослабува Русија, туку Европа.
Тој предупреди и на можноста од нуклеарна ескалација, истакнувајќи дека Европа би можела да биде вовлечена во директен судир со нуклеарна сила.
Критики и кон унгарската опозиција
Орбан го обвини лидерот на партијата „Тиса“, Петер Маѓар, дека наводно потпишал таен договор со бриселските лидери во Минхен. Според него, таквиот договор би можел да ја оддалечи Унгарија од евтината енергија и да ја стави на страната на Украина во, како што ја нарече, „енергетската војна“.
Премиерот нагласи дека владата ќе продолжи да ја чува безбедноста на Унгарија и да ја држи земјата надвор од конфликтот.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден








