
Во својата изјава пред состанокот на Европскиот совет, зборувајќи за односите меѓу Хрватска и Црна Гора, Пленковиќ го искористи македонскиот пример за да ги потенцира штетните кочници во проширувањето. Тој потсети дека за време на самитот во Загреб во 2000 година, Македонија била далеку пред Хрватска во институционалниот аспект на приближување кон Унијата. За разлика од таквиот однос кон Македонија, Пленковиќ нагласи дека Хрватска кон Црна Гора пристапува конструктивно, без да го користи тешкото минато за блокади.
„Постојат две земји кои, да речеме, од 2005 до 2026 година ѝ одземаа 21 година институционално приближување на Македонија кон Европската Унија.“
ЕУ бара крај за билатералните условувања
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
На истиот состанок, шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, испрати силна порака против блокадите кои ги следат земјите кандидати. Таа децидно порача дека проширувањето на Европската Унија не смее да се билатерализира. Според Калас, новите земји-членки се клучни за европската безбедност и стабилност, поради што Унијата мора да остане обединета и фокусирана на пошироката слика, наместо на поединечни државни спорови.


