
Локално невреме и засилен ветер низ државата
Според најавите, времето денеска ќе биде нестабилно, при што на повеќе места низ државата се очекуваат поројни дождови кои локално ќе надминат 15 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе достигнува брзина до 40 километри на час. Утринските температури се движат во интервал од 12 до 19, додека максималните дневни ќе се искачат меѓу 27 и 33 степени.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Слична е метеоролошката слика и во главниот град. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи. Во одредени делови од скопската котлина врнежите ќе преминат во форма на невреме, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а максималната температура нема да надмине 26 степени.
„Утре локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен северен ветер, што ќе предизвика позначителен пад на дневната температура.“
Заладување утре, па стабилизација следната недела
Нестабилното време ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, кога се очекува дополнителен пад на дневните температури и нови локални врнежи. Сепак, од почетокот на следната седмица следува период на релативно стабилизирање, со сончево време и мала до умерена облачност. Метеоролозите најавуваат дека услови за нови, но послаби врнежи од дожд ќе има само локално во вторник и четврток.


