
Хорор во Гостиварско: Обдукцијата потврди дека Х.А. била застрелана пред да биде фрлена во дупка, сопругата на убиецот проговори
Заврши обдукцијата на телото на 53-годишната Х.А., кое вчера беше пронајдено закопано во атарот на гостиварското село Неготино. Наодите на Јавното обвинителство ја потврдија најстрашната претпоставка – жената била убиена со огнено оружје пред да биде закопана. Надлежните веќе вршат вештачење на трагите од неколку локации за целосно да го склопат мозаикот на ова свирепо злосторство.
Сопругата го предала убиецот: „Тој ја уби, еве каде е телото“
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
За убиството е осомничен 53-годишниот С.М. од истото село, кому му е продолжен притворот за 48 часа. Клучен момент во истрагата било признанието на неговата сопруга, која во полиција открила дека мажот ѝ ја убил Х.А. со пиштол, а потоа и го посочила местото каде што било скриено телото. Обвинителството побара притвор и за неа. Истрагата открива морничави детали: синот на жртвата на камери видел како осомничениот претходно влегол во нивната куќа да краде пари, а потоа Х.А. влегла во неговото возило „Фиат“, по што ѝ се губи секаква трага.


