
Сончево и релативно топло време ќе донесе вистинска пролетна атмосфера иако календарски сè уште е зима
Според најавите, денеска времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини постојат услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Минималните температури ќе се движат од -3 до 6 степени, додека максималните ќе достигнат од 10 до 15 степени.
Скопје со пријатни 15 степени
Во главниот град се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината можно е појавување на утринска магла. Температурата ќе се спушти до -1 степен, а дневната ќе достигне до 15 степени.
Стабилен период и во наредните денови
Метеоролозите најавуваат продолжување на стабилното и релативно топло време. Утрото ќе биде постудено, а по одделни котлини повторно се можни услови за слаба магла, додека дневните температури ќе останат пријатни за овој период од годината.


