
Рускиот претседател Владимир Путин со зачинета доза на иронија и историски лекции се вклучи во глобалната дебата за амбициите на САД да го купат Гренланд.
Иако официјално тврди дека Москва е „рамнодушна“ кон ова прашање, Путин не ја пропушти можноста да направи цинична математичка пресметка, споредувајќи ја потенцијалната зделка со продажбата на Алјаска во 19 век, притоа упатувајќи остри критики кон колонијалното минато на Данска.
Путин како проценител: „Гренланд вреди околу една милијарда долари“
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
За време на состанокот со Советот за безбедност, Путин влезе во улога на геополитички брокер, правејќи паралела со 1867 година, кога Царска Русија им ја продаде Алјаска на САД за само 7,2 милиони долари. Според неговата логика, ако се земе предвид инфлацијата и цената на златото, најголемиот остров на светот денес би можел да се купи за „ситно“.
„Ако го споредиме тоа со вредноста на стекнувањето на Алјаска, тогаш цената за Гренланд би била некаде околу 200 до 250 милиони долари. Ако ги земеме предвид цените на златото, таа бројка би била околу една милијарда. Мислам дека САД можат да си ја дозволат таа сума“, истакна Путин. Оваа изјава многумина ја толкуваат како суптилен потсмев, бидејќи стратешката вредност на Гренланд денес се мери во трилиони, а не во милијарди.
Удар по Копенхаген: „Данска беше суров колонизатор“
Додека Вашингтон и Копенхаген се во дипломатски клинч, Путин зазеде навидум неутрален став, велејќи дека „тие ќе се договорат меѓу себе“. Сепак, тој упати остар удар кон Данска, потсетувајќи на историскиот контекст на нивното владеење со островот.
„Данска секогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија, доста строго, ако не и сурово. Но, тоа веќе е сосема друго прашање, тешко дека сега некого го интересира тоа“, рече рускиот лидер, користејќи ја реториката за да го дискредитира моралниот авторитет на европските држави кога станува збор за човековите права.
За Газа: Неопходно е долгорочно решение
Покрај арктичките теми, Путин се осврна и на вжештениот Блиски Исток. Коментирајќи го мировниот процес во Појасот Газа, тој го повтори ставот на Москва дека секое решение мора да се базира на одлуките на Обединетите Нации.
„Неопходно е да бидат земени предвид неотуѓивите потреби и желби на Палестинците“, нагласи тој, повикувајќи на долгорочно решавање на палестинско-израелскиот конфликт, наместо привремени мерки.


