
Косово во политички маратон: Четврти избори за една година по 57 неуспешни обиди за Собрание
Политичката нестабилност во Косово денеска го достигнува својот врв – граѓаните излегуваат на гласање по четврти пат во 2025 година. По неуспешните обиди да се формира стабилна влада по изборите во февруари и локалните циклуси во октомври и ноември, над 2 милиони гласачи денес повторно бираат меѓу 24 политички субјекти. Процесот следи по една од најкратките кампањи во историјата, која траеше само 11 дена.
„Самоопределување“ победи, но не состави влада
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Причината за овој вонреден изборен циклус е неуспехот на движењето „Самоопределување“ да формира влада и покрај претходната победа. Политичката блокада беше толку силна што Собранието беше конституирано дури по 57 обиди. Денес, за 120-те пратенички места се борат 1.180 кандидати, а право на глас имаат и над 77.000 гласачи од дијаспората.


