
Родителите на децата загинати во трагичниот пожар во „Пулс“ порачаа дека нема да дозволат одговорните да ја избегнат правдата
На денешниот „Марш за ангелите“ во Кочани, семејствата на жртвите јасно истакнаа дека борбата не е за одмазда, туку за правда и системска одговорност. Претседателот на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“, Александар Наунов, нагласи дека на обвинителната клупа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата, додека други, според него, воопшто не се опфатени.
„Суштината е одговорноста“
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Наунов изјави дека најавеното свикување колегиум на обвинители не може да ги избрише фактите и пропустите што довеле до трагедијата. „Колегиумот може да прегледува документи, но не може да брише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт“, рече тој.
Според него, клучното прашање не е кој реагирал во моментот на несреќата, туку кој имал обврска да спречи и не постапил навреме. „Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда“, порача Наунов, додавајќи дека родителите нема да се откажат од барањето вистината да излезе на виделина.
Протестниот марш започна од Паркот на Револуцијата и заврши пред Основниот суд и обвинителството во Кочани, каде што присутните оддадоа почит и повторно побараа целосна истрага и одговорност.


