во

Ручек кој го освојува секој дом: Направете сочни шпагети со ќофтиња во доматен сос

Сочни ќофтиња, густ и ароматичен доматен сос со свеж босилек и совршено сварени шпагети претставуваат комбинација без конкуренција за брз, едноставен и вкусен семеен ручек.

Потребни состојки (за 4 лица)

За овој класичен италијански специјалитет потребни ви се основни намирници кои најчесто веќе ги имате во кујната:

  • 400 г шпагети
  • За ќофтињата: 500 г мешано мелено месо, 1 помала главица кромид, 2 чешниња лук, 1 јајце, 3 лажици презла, 40 г пармезан, 2 лажици магдонос, 2 лажици маслиново масло, сол и бибер.
  • За сосот: 800 г сечкани домати (пелати), 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 2 лажици маслиново масло, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка оригано, ½ китка свеж босилек, сол и бибер по вкус.

Постапка за подготовка

Супер Попуст -25%

Во длабок сад добро соединете ги меленото месо, ситно сечканиот кромид, лукот, јајцето, презлата, ренданиот пармезан и магдоносот. Зачинете со сол и бибер, па обликувајте топчиња со големина на поголем орев. Кратко запечете ги на загреано маслиново масло од сите страни колку да фатат фина коричка, па тргнете ги настрана.

Во истата маснотија пропржете го сечканиот кромид за сосот, додадете го лукот, а потоа и сечканите домати. Додадете шеќер, оригано, сол и бибер и варете десетина минути.

Вратете ги ќофтињата во доматниот сос, поклопете го садот и оставете сè заедно да се крчка на тивок оган околу 20 минути. Така месото ќе остане меко и ќе ги впие сите сокови и зачини. Пред самиот крај, вмешајте дел од свежиот босилек.

Шпагетите сварете ги според упатството, процедете ги и сервирајте ги во чинии. Обилно прелијте ги со сосот, распоредете ги ќофтињата и на крај украсете со преостанатиот свеж босилек.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 25 СЕПТЕМВРИ: На Девиците им пристигнуваат убави вести, Јарците под сериозен притисок

Живеам со свекрвата неколку месеци годишно: Сите мислат дека бракот ми е во криза, но ова е вистината