
Пејачот Саша Ковачевиќ одлучи да го направи чекорот што многумина долго го очекуваа – ја сврши својата долгогодишна девојка Зорана Тасовац, а сега испливаа и деталите за гала свадбата што е во план.
За дијамантскиот прстен кој ја краси раката на идната госпоѓа Ковачевиќ, тој наводно не штедел и го платил речиси 10.000 евра. Како што открива извор близок до парот, Саша го носел прстенот во џеб еден месец, чекајќи го вистинскиот момент. Тој ја однел Зорана во Атина под изговор дека мора да работи на нови песни, а таму, во романтично опкружување, клекнал и ја побарал за жена.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Парот веќе планира голема свадба со околу 500 гости, на која ќе присуствуваат и многу колеги од естрадата. Зорана веќе знае каква венчаница сака, а потоа на ред доаѓаат декорацијата и тортата.

Повеќе од само свршувачка – ќерката Искра воодушевена
Она што многумина ги интересираше е реакцијата на Искра, ќерката која Зорана ја има од претходниот брак со Богдан Срејовиќ. Според изворот, девојчето било воодушевено од веста.
„Искра се воодушеви кога ѝ кажаа, таа го гледа Саша како втор татко, а и тој ја сака како свое дете. Саша го познава и првиот сопруг на Зорана, тие отсекогаш биле и останале во одлични односи. Секако дека и тој им честиташе“, открива изворот. Иако со години живеат заедно, парот сега одлучи и официјално да ја круниса својата љубов.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден








