
Обиколницата околу Битола е затворена за сообраќај поради свлечиште, а возилата се пренасочуваат низ градот
Според информациите од АМСМ, патот е затворен од вчера од 18:30 часот. Екипите на Ј.П. Македонија Пат работат на расчистување на теренот и нормализирање на сообраќајот.
Сообраќајот на останатите патишта
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
На државните патишта сообраќајот се одвива по суви коловози, а интензитетот надвор од урбаните средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.
Апел за внимателно управување
АМСМ препорачува прилагодена брзина и почитување на сигнализацијата, особено на делниците низ котлини, клисури и речни долини каде постои ризик од одрони, како Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


