
Ризик за пензиските заштеди на над 650.000 граѓани
Според СДСМ, доколку не се интервенира законски во овој или во друг закон, бришењето на одредбата значи дека сите придонеси ќе остануваат во првиот столб во Фондот. Оттаму прашуваат дали овој потег значи дефинитивно уривање на вториот пензиски столб, предупредувајќи дека со тоа се доведуваат во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани – сите родени по 1 јануари 1967 година.
Обвинувања за состојбата во Фондот за ПИОМ
Од опозициската партија тврдат дека Фондот за ПИОМ е доведен до сериозна финансиска неодржливост и дека во него недостигаат близу една милијарда евра. Дополнително, тие посочуваат дека во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб, пари заработени од работниците, а власта не дала одговор на пратеничкото прашање каде се наоѓаат овие средства.
СДСМ го повика премиерот Христијан Мицкоски јавно да објасни пред граѓаните зошто се брише членот 120, каде ќе се насочуваат парите и какви последици ќе има оваа промена врз идните пензии на осигурениците.
„Христијан Мицкоски треба да излезе и да одговори пред граѓаните зошто се брише оваа одредба, каде ќе се насочуваат средствата и што ќе значи промената за идните пензии на осигурениците“, порачаа од СДСМ.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден







