во

СДСМ бара почитување на пресудата за Тачи: Реакциите на Африм Гаши се крајно несоодветни

Опозициската СДСМ повика на почитување на првостепената пресуда од Хаг со која Хашим Тачи и уште тројца се прогласени за виновни за воени злосторства, истовремено упатувајќи остри критики до претседателот на Собранието, Африм Гаши, за неговите несоодветни реакции.

Законот не се бира по нација

Од СДСМ децидно порачуваат дека одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат и апелираат да се избегне поттикнување тензии или поделби во општеството. Партијата нагласува дека судот суди поединци и оти оваа пресуда не е насочена против албанскиот народ, ниту против правото на Косово на слобода.

Супер Попуст -25%

„Кој денеска ја претвора пресудата во етничка лекција, прави иста грешка како оној што злосторството го крие зад некое знаме. Ако судот донел одлука за некој дека е виновен – тогаш тоа треба да се прифати, додека повисок суд не каже друго“, велат од СДСМ, потсетувајќи дека ист бил нивниот став и кога на обвинителната клупа во Хаг бил Ратко Младиќ.

Критики за Гаши и домашниот правосуден систем

Во контекст на случувањата, СДСМ ги оцени реакциите на претседателот на Собранието, Африм Гаши, како крајно несоодветни. Тие потсетуваат дека тој извршува висока државна функција и ја претставува државата која тежнее кон членство во ЕУ, поради што не смее да применува двојни аршини.

„Кај нас е обратно. Кај нас премиерот се меша во суд и во обвинителство. Кај нас предметите се тргаат, толкувањата се измислуваат, Европската комисија во извештаите наведува за притисок врз правосудството. Тие сакаат партија да биде суд. Ние одбиваме. СДСМ ќе ја почитува одлуката на судот и ќе повторува едно: никој не е над законот. Ни таму. Ни тука.“

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп со остри закани кон Брисел: Пристапувањето на Канада кон ЕУ би било непријателски акт

Отворени повици во Центар: Месечни стипендии до 5.000 денари за успешните основци