во

СДСМ СО ЖЕСТОКИ КРИТИКИ: Мицкоски се претставува како експерт за сè, од туризам до ИТ!

СДСМ преку официјално соопштение упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски по неговото враќање од одмор, обвинувајќи го дека наместо конкретни резултати за граѓаните, тој повторно понудил само низа изјави и неосновани обвинувања кон опозицијата и земјоделците.

Од опозициската партија иронично го нарекоа неговото патување „научно-образовна екскурзија“, посочувајќи дека Мицкоски во јавноста се претставува како универзален експерт за економија, туризам, авиосообраќај, технологија, образование и информатичка технологија.

Проблемот со водата во Скопје и проектите

Супер Попуст -25%

СДСМ се осврна и на изјавите на премиерот за чистењето на цевките во Гостивар, како и на неговото тврдење дека во државата во моментов се реализираат дури 1.200 проекти. Од партијата го обвинуваат Мицкоски дека свесно избегнувал да одговори на прашања поврзани со историјата и МПЦ, додека истовремено ја обвинил опозицијата за ширење паника околу наводно загадената вода во Скопје.

„Знаеле ден порано за ‘хибридниот напад’ врз водата во Скопје. А зошто ништо не направија кога знаеле?“, прашуваат од СДСМ, додавајќи дека власта повторно се служи со закани со кривични пријави.

Земјоделците и најавените инвестиции

Остри критики беа упатени и кон односот на Владата кон земјоделците. Според СДСМ, земјоделците не протестираат кај откупувачите, туку бараат конкретно решение од државата за наталожените проблеми со субвенциите, откупот и ИПАРД-фондовите.

Во однос на најавените странски инвестиции, СДСМ посочува дека станува збор за три инвестиции (германска, американска и уште една неименувана), за кои премиерот тврди дека се во фаза на реализација. На крајот од соопштението, од партијата со доза на сарказам го повикаа премиерот на дело да ја докаже исправноста на системот:

„Само не ни кажа една работа: кога ќе појде во Гостивар на една здравица со гостиварска вода?“

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА НА ХАЛКИДИКИ: Забрането движење во шумите поради висок ризик од пожари!

ТРАМП БАРА КРАЈ ЗА ЗИМСКОТО ВРЕМЕ: „Доста е од овој апсурд, Сенатот мора веднаш да гласа!“