во ,

„Синџир на замижување“ пред судот: Обвинетите за трагедијата во „Пулс“ денеска се изјаснуваат за вина

Момент на вистината во Идризово: 35 обвинети и 3 фирми денеска се изјаснуваат за вина за смртта на 63 лица во „Пулс“

Во големата судница на Кривичниот суд во Идризово денеска продолжува судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој на 16 март однесе 63 човечки животи, а повреди над 210 лица. Клучен момент на денешното рочиште е изјаснувањето на обвинетите – дали се чувствуваат виновни или не. На обвинителна клупа седат вкупно 35 лица и претставници на 3 фирми, кои се товарат за „Тешки дела против општата сигурност“. Списокот на обвинети е широк и опфаќа сопственици, менаџери, обезбедување, но и цела низа државни службеници – градежни и пазарни инспектори, градоначалници, директори на ДЗС, па дури и поранешни министри за економија, кои се теретат дека со своето делување или неделување од 2012 година па наваму дозволиле кршење на безбедносните правила.

Одбраната го презема зборот: Се очекуваат негирање на вината и долги воведни говори

Супер Попуст -25%

Според досегашниот тек на постапката, не се очекува никој од обвинетите да признае вина. По изјаснувањето, ќе следат воведните зборови на одбраната, каде прва се очекува да настапи адвокатката Ивана Коцевска, бранител на првообвинетиот сопственик Дејан Јовановски – Деко и неговиот син. Со оглед на тоа што во процесот се вклучени над 40 адвокати, се очекува излагањата да траат и на наредните рочишта. Ова следи по претходното рочиште кое беше одложено за да им се овозможи на обвинетите да го добијат и прочитаат „интегрираното обвинение“, откако судот одлучи да ги спои предметите во една единствена постапка.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Каде завршија 800.000 евра?“: ВМРО-ДПМНЕ открива шема за шверц на пченица од стоковите резерви

Голема акција на МВР во Скопје: Осуммина „паднаа“ за дрога, пронајдени и ваги за мерење!