во ,

Смртоносен напад во срцето на Берлин: Комбе влета меѓу учесници на Парадата на гордоста

Едно лице загина, а најмалку 16 се повредени откако бело комбе влета меѓу луѓе во близина на Парадата на гордоста во Берлин.

Едно лице загина, а најмалку 16 луѓе се повредени откако возило влета во толпа во центарот на Берлин. Неколкумина се во тешка состојба, а три лица се здобиле со повреди опасни по живот.

Супер Попуст -25%

Инцидентот се случил околу 22 часот во паркот Тиргартен, во близина на Бранденбуршката порта, каде завршуваше берлинската Парада на гордоста. По нападот, организаторите веднаш ја прекинале вечерната програма и ги повикале присутните да го напуштат просторот.

Возилото удрило во дрво, возачот побегнал

Според полицијата, белото комбе влегло во паркот и удрило во повеќе луѓе, по што завршило во дрво. Кога полицајците пристигнале, возилото било празно, а лицето или лицата што се наоѓале во него веќе побегнале.

Истражителите проверуваат дали станува збор за намерен напад. Мотивот сè уште не е официјално утврден, а не е целосно разјаснето ниту кој управувал со возилото.

Полицијата трага по 21-годишниот Абдул Б., кој е познат на властите и се поврзува со исламистички кругови во Берлин. Надлежните предупредија дека осомничениот може да биде вооружен и опасен, но нагласија дека истрагата сè уште трае.

Се проверуваат тврдења за втор напад

Истражителите испитуваат и дали по ударот со комбето следувала втора фаза на нападот. Дел од очевидците пријавиле дека виделе лица како излегуваат од возилото, како и маж облечен во црно кој наводно носел ладно оружје.

Полицијата сè уште ги проверува овие сведоштва и не ги потврди сите детали. Надлежните собираат снимки, фотографии и други материјали од присутните за да го утврдат точниот тек на настаните.

Стотици илјади луѓе биле на улиците

Стотици илјади луѓе во саботата учествуваа на берлинскиот Кристофер стрит деј, една од најголемите ЛГБТИ+ манифестации во Европа. Маршот беше посветен на демократијата, толеранцијата, еднаквоста и заштитата од дискриминација.

По инцидентот, просторот околу Тиргартен беше затворен, а во потрагата и обезбедувањето на градот беа вклучени повеќе од 2.200 припадници на безбедносните служби.

Градоначалникот на Берлин, Кај Вегнер, го оцени настанот како напад врз слободното и отворено општество. Германските власти најавија целосна истрага, додека потрагата по осомничениот продолжува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Скопје памети: 63 години од утрото што засекогаш го промени градот

Трамп ја остави војната на маса: „Ако не добиеме сè, повторно ќе го нападнеме Иран“