
Што сведочеа ќерката на првообвинетиот и столарот на претходното рочиште?
На последното рочиште исказ даде Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот Дејан Јованов. Таа пред Судот изјави дека во објектот имало противпожарни апарати поставени кај главниот влез, бината и шанковите, панични светла кај повеќе излези, како и означени излези, додавајќи дека пиротехника се користела и на претходни настани во дискотеката. Јованова наведе и дека при нејзините посети често забележувала полициски контроли, при што се проверувале лични карти и се контролирал влезот и излезот на посетителите.
Пред Судот сведочеше и столарот Сашко Зафиров, кој изведувал внатрешни работи во објектот во 2012 и 2024 година. Тој посочи дека бил ангажиран усно од Дејан Јованов за поставување дрвени панели врз претходно изработени метални конструкции, како и за доработка на сепарињата во 2024 година, нагласувајќи дека при тие зафати не биле вршени интервенции на покривната конструкција.
Нови сведоци на одбраната и потсетување на трагедијата
За денешното рочиште одбраната на првообвинетиот најави сослушување на повеќе сведоци, меѓу кои вработена во „Пулс“, пиротехничар ангажиран од дискотеката, соработник на музичката група ДНК, угостител од Гевгелија, вработен во противпожарната служба, како и лица кои учествувале во внатрешното уредување и во раното работење на објектот.
Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Судењето започна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагичниот пожар на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
За денешното рочиште во судницата во затворот „Идризово“ одбраната на првообвинетиот најави сослушување на вработена во „Пулс“, пиротехничар, соработник на групата ДНК, угостител од Гевгелија, вработен во противпожарната служба и лица вклучени во уредувањето и работењето на објектот.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден







