
Тажен крај: Почина двегодишното дете кое беше погодено од залутан проектил за Нова Година
Најцрните прогнози се остварија. Утрово на скопските клиники, битката за живот ја загуби двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ. Детето им подлегна на повредите и покрај натчовечките напори на лекарите од Клиниката за детска хирургија, каде што беше примено со тешко внатрешно крварење во мозокот.
Погодено во прегратките на мајката
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Трагедијата е уште поголема бидејќи, според информациите, детето било погодено од залутан метален проектил додека било надвор, во прегратките на својата мајка. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно го оквалификува ова како еден од најтешките инциденти за време на прославите. Истрагата треба да утврди од каде дошол кобниот предмет што згасна еден млад живот.


