
Дипломатска војна за интернетот: САД удрија по европските борци против „дигиталната омраза“
Администрацијата на Доналд Трамп отвори нов фронт со Европа, овој пат во дигиталната сфера. Државниот секретар Марко Рубио потврди дека на петмина европски експерти и поранешни функционери им е забранет влез во САД. Причината е обвинувањето дека вршеле притисок врз американските платформи за да воведат цензура. Меѓу санкционираните е Британецот Имран Ахмед (Центар за сузбивање дигитална омраза), кого Илон Маск претходно го нарече „криминалец“, како и поранешниот еврокомесар Тиери Бретон.
Европа обединета во осудата: „Ова е застрашување“
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Реакциите од стариот континент се жестоки. Емануел Макрон, Урсула фон дер Лајен и британската влада го осудија потегот како неприфатлив чин на застрашување меѓу сојузници. Експертите предупредуваат на „ладен туш“ за сите што работат на регулација на интернет просторот, додека Рубио останува на ставот дека САД нема да толерираат „екстратериторијално ограничување на слободата на говор“.


