во ,

Тошковски дециден: Нема да има кампови за мигранти во Македонија, тоа е политичка прашина

Тошковски од Брисел: „Нема логика ниту реалност во тврдењата дека Македонија ќе стане мигрантски хаб“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, децидно ги отфрли шпекулациите дека Македонија би можела да стане центар за прифаќање мигранти (мигрантски хаб) или локација за изградба на кампови. Во изјава за МИА од Брисел, каде учествуваше на конференција на Глобалната алијанса за борба против криумчарење мигранти, тој истакна дека такво сценарио „нема никаква врска со реалноста или логиката“ и дека за тоа ниту се размислува, ниту се преговара со ЕУ или Велика Британија.

Намален бројот на мигранти за 10%

Супер Попуст -25%

За време на средбата со еврокомесарот Магнус Брунер, Тошковски презентираше охрабрувачки статистички податоци:

  • Вкупниот број на илегални мигранти кои транзитираат низ Македонија е намален за околу 10%.
  • Забележан е пад на бројот на мигранти од Сирија, но раст на бројот на Авганистанци.
  • Транзитот е намален во двата правца (од Грција кон Србија и обратно).

Соработка со Пакистан и борба против дрогата

Покрај миграцијата, министерот се пофали и со успесите во сузбивањето на трговијата со дрога – запленети се над 2 тона марихуана во првите 10 месеци. На маргините на конференцијата, тој оствари средба и со пакистанскиот колега Мохсин Раза Накви, со кого размениле Предлог-меморандум за соработка, бидејќи Пакистан е клучна земја на потекло на мигрантите.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Патот кон Грција е чист: Нема гужви на Богородица и Евзони

Трамп доби покана за Европа: Можна средба очи в очи со Зеленски овој викенд