
„Остри зборови“ и покана за викенд-самит: Трамп и Зеленски можеби на иста маса во Европа?
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД се поканети на итен состанок во Европа претстојниот викенд, на кој се очекува да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Сепак, Трамп останува загадочен – тој сè уште не одлучил дали ќе патува лично, кој ќе ја претставува Америка или дали воопшто ќе ја прифати поканата.
Тензичен телефонски разговор со европската „тројка“
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Поканата уследила по телефонскиот разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер. Трамп го опиша разговорот како полн со „прилично остри зборови“ за ситуацијата во Украина и призна дека имало „мали несогласувања за луѓето“, иако не прецизираше за кого точно станува збор. Истовремено, тој повторно го притисна Киев за итно одржување на избори во Украина.
Германија потврдува: Се работи на „американски“ мировен план
Германската влада ја потврди комуникацијата, наведувајќи дека четворицата лидери разговарале за статусот на преговорите за прекин на огнот. Целта е во наредните денови интензивно да се работи на мировен план кој би бил поддржан од САД, што укажува на тоа дека Европа се обидува да ја усогласи својата стратегија со новата администрација во Вашингтон.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден








