во ,

Уште еден пеколен ден до 40°C, а од четврток пресврт

Македонија и денеска останува под силен топлотен бран, со температури до 40 степени, но од четврток се најавува промена на времето.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Супер Попуст -25%

Минималните температури ќе се движат од 14 до 20 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 35 до 40 степени.

Во Скопје до 39 степени

Во главниот град се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 21 степен, а максималната ќе достигне 39 степени.

Од четврток пристигнува нестабилност

Според прогнозата на УХМР, многу топлото време со мала до умерена облачност ќе продолжи и во среда.

Промена се очекува во четврток и петок, кога наместа ќе има пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

„Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурата ќе опадне за неколку степени“, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Книжевно заведување без крај: Винка Саздова на 70 години сè уште ги опива македонските читатели!

Хороскоп за 11 август: Овен го чека убаво изненадување, Лавот добива шанса