
Филипче му фрли ракавица на Мицкоски: „Ако немате таен договор за мигранти со Британија, потпишете ја Резолуцијата!“
Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, денеска објави дека опозицијата се обединува во заеднички фронт против наводните „тајни договори“ на Владата за прифаќање мигранти. На прес-конференција, Филипче информираше дека е подготвена предлог-Резолуција која треба да стави законска рамка и забрана за вакви сценарија, повикувајќи ги директно премиерот Христијан Мицкоски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат ако навистина немаат што да кријат.
„Мигрантите веќе стигнуваат во Косово и Албанија, ние сме следни?“
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Филипче изрази сериозна загриженост дека Македонија може да биде вовлечена во процес сличен на оној во соседството, алудирајќи на договорите што Албанија и Косово ги имаат со западните земји (како Велика Британија и Италија) за процесирање на баратели на азил. „Гледаме дека првите мигранти веќе пристигнуваат во Косово и во Албанија. Огромна е опасноста Македонија да биде вовлечена во ваков процес“, предупреди тој. Според него, постои ризик прифаќањето мигранти да биде услов за одредени кредити или меѓународна поддршка.
Опозициски ултиматум: Резолуција за спас на безбедноста
Опозицискиот лидер нагласи дека Резолуцијата не е партиски хир, туку „државничка и граѓанска иницијатива“ за заштита на националната безбедност. Тој најави широк фронт кој ќе ги вклучи и синдикатите, студентите и граѓанскиот сектор. „Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски јавно да се изјаснат и заеднички да ја потпишат и изгласаат резолуцијата“, порача Филипче, ставајќи ја власта пред свршен чин – или да гласаат „ЗА“ и да ги демантираат шпекулациите, или да гласаат „ПРОТИВ“ и, според СДСМ, да го потврдат постоењето на таен план.
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден








