во ,

Хаос во Дојран: Малолетници бегале од полиција на концерт со алкохол

Доцна синоќа во Дојран се случил инцидент за време на концерт во еден локал, откако полицијата извршила рација и затекнала голем број малолетници кои биле служени со алкохол.

Според сведоштва објавени на социјалните мрежи, во моментот на пристигнување на полицијата, дел од присутните малолетници започнале да бегаат преку оградата и по плажата, предизвикувајќи паника и хаос.

Купи Маица

„Во 22:30 часот влезе полицијата, и бидејќи имаше огромен број малолетници, почнаа да скокаат преку ограда и да бегаат. Над 20 малолетници се приведени. Констатирано е дека им се служел алкохол, а дали ќе се затвори локалот или ќе следи казна, останува да се види“, стои во објава што вирално се споделува на социјалните мрежи.

Граѓани дополнително алармираат дека на над 2000 посетители, имало само 5 лица обезбедување – што е далеку под стандардите за ваков настан. Се тврди и дека сопственикот на локалот прво користел нелегално обезбедување, кое го заменил со легално веднаш штом добил најава дека ќе има полициска контрола.

Од Министерството за внатрешни работи се очекуваат официјални информации во врска со случајот, и дали ќе има понатамошни мерки против локалот и одговорните лица.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ахмети предупредува: Ако излезам на улица – нема враќање назад

Мицкоски ќе постави камен-темелник за автопатот Тетово – Гостивар