
Околу 20.000 домаќинства во југозападна Франција останаа без електрична енергија по силните грмежливи бури што го зафатија регионот. Француските власти засега немаат информации за повредени лица.
Најтешко погодени три департмани
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Според операторот на електроенергетската мрежа „Енедис“, околу 12.000 домаќинства останале без струја во Дордоња, 7.000 во Жиронда и уште 1.000 во Ло-е-Гарон.
Најголем дел од дефектите биле предизвикани од паднати дрвја и гранки врз далноводите, по силниот ветер и интензивните врнежи.
Во текот на ноќта без струја биле 38.000 домаќинства
Бројот на корисници без електрична енергија во текот на ноќта надминал 38.000. Дел од дефектите биле отстранети со далечинско управување, по што бројката постепено се намалила.
Од „Енедис“ очекуваат снабдувањето со струја целосно да биде нормализирано во текот на викендот.
Регистрирани околу 64.000 молњи
Француската метеоролошка служба издаде жолто предупредување за 47 департмани поради опасност од нови грмежливи бури.
Опсерваторијата „Кераунос“ регистрирала околу 64.000 молњи во југозападниот дел на Франција, од кои приближно 7.800 биле директни удари од гром.
Повеќе од 20 пожари по ударите од гром
Во Дордоња и Жиронда биле регистрирани повеќе од 20 пожари предизвикани од удари од гром и оштетувања на електричната инфраструктура. Пожарникарските екипи успеале да ги стават под контрола.
Франција во исто време продолжува да се бори со сериозни шумски пожари. Во департманот Источни Пиринеи изгореле околу 4.900 хектари, а пожари се активни и во Дром и Ендр.


