
Застрашувачка приказна се одвивала во паркот Витивуд во Бристол, кога случајна минувачка наишла на картонска кутија, во која бил оставен огромен удав.
Во близина се наоѓа основно училиште, што предизвикало дополнителна загриженост, а еден од работниците кои го одржуваат паркот изјавил дека „ништо слично не видел во животот“.
Полицијата брзо интервенирала
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Жителката на Бристол, Кристи, го шетала своето куче кога ја здогледала кутијата, пренесува The Sun.
„Змијата беше ладна, а прво помислив дека е мртва. Дури кога ја подигна главата, сфатив дека е жива“, раскажала Кристи.
Иако змијата не била агресивна, жената нагласува дека ситуацијата била многу сериозна. Полицијата брзо интервенирала, го отстранила влекачот и го транспортирала до ветеринарна клиника.

„Разбирам дека луѓето се во криза“
По прегледот, удавот е предаден на локален азил за животни. Експертите веруваат дека змијата ќе умрела доколку останела во кутијата уште некое време, а постои можност да ја оставил сопственикот.
„Разбирам дека луѓето се во криза, но би сакала да се обратат за помош до специјализираните служби кои можат да се грижат за животните“, изјавила Кристи.
Овој бизарен настан одново го покрена прашањето за одговорноста кон милениците и ја покажа важноста на заедничката грижа за сите животински видови.


