
Алармантни бројки од „Големиот брат“: Камерите регистрираа неверојатни 65.000 прекршоци за само 12 часа!
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти шокантни податоци од првите 12 часа на пробното снимање на системот „Безбеден град“. Камерите детектирале масовно непочитување на сообраќајните правила, регистрирајќи вкупно 65.000 прекршоци. Од оваа вртоглава бројка, дури 2.800 се однесуваат на поминување на црвено светло, додека 1.000 граѓани биле „уловени“ како управуваат нерегистрирани автомобили. Тошковски ја оцени состојбата како потврда за неопходноста на системот, со цел да се стави крај на сообраќајниот хаос и да се спасат човечки животи.
Овој месец само опомени, од 1 јануари „солени“ казни на СМС
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Иако бројките се загрижувачки, возачите во декември ќе добиваат само опомени. Вистинското казнување стартува од 1 јануари 2026 година. Во првата фаза, системот автоматски ќе лови брзо возење, поминување на црвено, нерегистрирани возила и непрописно паркирање. Кога ќе профункционира целосно, сопствениците на возилата ќе добиваат известувања преку СМС и е-пошта со линк до платниот налог, а за потешките прекршоци МВР директно ќе иницира судски постапки.


