
Дипломатска офанзива на два фронта: Зеленски бара европско единство кај Макрон, додека емисарот на Трамп, Стив Виткоф, патува во Кремљ кај Путин
Оваа недела се смета за пресвртница во меѓународните напори за окончување на руско-украинскиот конфликт. Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски е во посета на Елисејската палата за да изгради единствена европска позиција со Емануел Макрон, Брисел останува претпазлив. Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, испрати јасна порака дека „Русија не сака мир“ и затоа е императив Украина да се доведе во што е можно посилна преговарачка позиција, за да се избегне сценарио кое би значело капитулација за Киев и триумф за Москва.
Донбас и НАТО остануваат „јазолот“ во преговорите
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Паралелно со европската иницијатива, клучниот потег го влече Вашингтон. Американскиот главен преговарач Стив Виткоф утре ќе седне на маса со Владимир Путин во Москва, носејќи ги заклучоците од вчерашните маратонски разговори со украинската делегација на Флорида. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, призна дека иако разговорите биле продуктивни, компромисот е сè уште далеку. Главните пречки остануваат ненадминливи: статусот на анектираниот Донбас и барањето на Русија за долгорочно откажување на Украина од НАТО. „Деликатно е и комплицирано, има уште многу работа“, изјави Рубио, нагласувајќи дека целта е Украина да биде безбедна засекогаш, а не само привремен прекин на огнот.
Крвав потсетник од теренот
Додека дипломатите разменуваат планови, оружјето не мирува. Како потсетник на суровата реалност, руските сили извршија нов воздушен напад врз централниот град Днипро, при што загинаа најмалку четири лица, а над 20 се ранети, што дополнително ја комплицира атмосферата пред средбата во Кремљ.


