
Училиште од 8 до 16:30 часот – учење и активности
Според планот на Министерството, учениците ќе престојуваат во училишните клупи во текот на целиот работен ден. Ова време нема да биде посветено само на класична настава, туку ќе вклучува интерактивни активности, воннаставни секции и изработка на домашните задачи под надзор на наставниците.
„Престојот во училиште не значи само учење. Таму децата ќе можат да изучуваат странски јазици, балет или спорт, а кога ќе си заминат дома, нема да имаат дополнителни обврски или тешки ранци, туку ќе можат целосно да му се посветат на семејството. Светските истражувања јасно покажуваат дека децата кои минуваат повеќе време во училишна средина постигнуваат значително подобри резултати“, потенцираше Јаневска во своето гостување на 4ТВ.
Скопје како најголем предизвик за едносменската настава
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден
Еден од главните предуслови за оваа реформа е преминувањето кон едносменска настава. Податоците покажуваат дека повеќе од половина училишта во земјава веќе работат во една смена, односно 583 основни и 37 средни училишта ширум државата.
Сепак, главниот град останува најкритична точка. Поради континуираните демографски миграции кон Скопје, училиштата таму се преоптоварени и се соочуваат со просторен дефицит. За да се надмине овој проблем, министерката уверува дека Министерството веќе активно работи на доградба на нови училници и инфраструктурно проширување на капацитетите.


