
Ахмети без влакна на јазикот: „Јас ја уништив Југославија – ако излезам на улица, не се враќам дома“
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешниот брифинг со новинарите даде силно признание и отворено предупредување. Тој изјави дека никој во Македонија не знае подобро од него како се прави национализам, додавајќи: „Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001“. Ахмети беше дециден дека неговите политички потези не се насочени кон партиите, туку кон „вазалите“ кои не нудат одржливо решение.
Зборувајќи за идните чекори на партијата, Ахмети истакна дека „Планот А“ останува развојот на државата, но предупреди на можно активирање на „Планот Б“. „Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“, порача лидерот на ДУИ, алудирајќи на сериозноста и решителноста на евентуалните протести доколку биде принуден на таков чекор.
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден







