
Американскиот NTSB целосно ја презема истрагата за инцидентот со авионот „Боинг 737-800“, кој оперирал како лет FR1879 на „Рајанер“, односно „Малта Ер“.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Информацијата ја потврдија од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, откако настанот беше регистриран над територијата на Македонија.
Македонија побара истрагата да ја води NTSB
КИНСИВ претходно доставил барање истрагата да биде делегирана на американскиот одбор, согласно со Анекс 13 на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство.
Претседателот на КИНСИВ, Марјан Прпоски, изјави дека во истрагата што ќе ја води NTSB ќе учествуваат и претставници од македонскиот комитет.
За инцидентот известени повеќе меѓународни институции
КИНСИВ ја добил информацијата за сериозниот инцидент во 13:20 часот, по што, согласно со воздухопловните прописи, биле известени повеќе надлежни институции.
Меѓу нив се Француското биро за истраги и анализи на безбедноста на цивилното воздухопловство, грчката агенција за истрага на несреќи, американскиот NTSB и ICAO.
Авионот се вратил во Солун
Авионот летал од Солун кон германскиот град Меминген, но кратко по полетувањето се вратил на почетниот аеродром.
Според соопштението на „Рајанер“, за време на летот се откачил прозорец покрај еден од патниците. Во инцидентот полесно бил повреден еден патник.
Авионот безбедно и регуларно слетал во Солун, по што сите патници биле вратени во терминалната зграда.
Обезбеден заменски авион
Еден од патниците побарал и добил медицинска помош по слетувањето. Од авиокомпанијата не соопштија информации за потешки повреди.
За да се намали доцнењето, „Рајанер“ обезбедил заменски авион со кој патниците го продолжиле патувањето кон Меминген. Летот од Солун бил реализиран во 9:35 часот по локално време.


