
Беким Сали во официјална посета на Украина: фокус на европската интеграција и поддршка
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, утре ќе престојува во официјална работна посета на Киев, Украина.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Во рамки на посетата, Сали ќе учествува на заедничка комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, како и на повеќе средби со високи претставници на украинските институции задолжени за европската и евроатлантската интеграција.
Продлабочување на билатералната соработка
Посетата има за цел размена на искуства во процесот на европска интеграција, зајакнување на билатералните односи и изразување поддршка за Украина во актуелните предизвици.
Се очекува разговорите да опфатат и координација околу реформските процеси и усогласување со европските стандарди.


