во ,

„Беше катастрофално“: Елтон Џон призна дека ослепел на едното око!

Елтон Џон откри шокантни детали за своето здравје: „Го изгубив видот на десното око, беше катастрофално“

Во искрено интервју за „Варајати“, 78-годишната музичка легенда Елтон Џон сподели дека целосно го изгубил видот на десното око во 2024 година, по тешка инфекција што ја добил за време на летен одмор во Франција. Тој призна дека последните 15 месеци биле исклучително тешки и дека и левото око не е во добра состојба, што му го оневозможува јасното гледање и читање.

Повеќе од само темнина – верба во науката и семејството

Супер Попуст -25%

„Морам да бидам трпелив и да верувам дека науката ќе ми помогне еден ден. Не смееме да се откажеме“, изјави тој, одбивајќи да се предаде на очајот. И покрај здравствените предизвици, Елтон изрази огромна благодарност што сè уште може да пее и да свири, црпејќи сила од својот сопруг Дејвид Фрниш и нивните двајца синови, Закари и Елајџа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ризичното мини на Амал Клуни ја „запали“ атмосферата: Сите гледаа во нејзините нозе! (ФОТО)

Грешката што сите ја правиме: Зошто морковот мора да се мие дури и ако го лупите?